More

    Четири причини зошто Владимир Путин нема да изврши нуклеарен напад

    spot_img

    Во последните неколку недели, можноста за нуклеарна ескалација се повеќе се дискутира по бројните руски закани за потенцијална употреба на нуклеарно оружје. Рускиот претседател Владимир Путин дури нагласи дека овие закани не се блеф.

    Порталот 1945 анализираше колку се сериозни заканите на рускиот лидер, наведувајќи дека Путин со вакви изјави само сака да го исплаши Западот за да престане да и помага на Украина. Тие наведуваат дека има четири клучни причини зошто Путин нема да посегне по нуклеарно оружје.

    Што воопшто би била целта?
    Еден од главните проблеми е тоа што не постои очигледна цел на која Путин би можел да употреби нуклеарно оружје. Дури и мало борбено или тактичко нуклеарно оружје – со родност помало од пет килотони – би имало огромни разорни ефекти. Би имало и огромен геополитички одговор.

    Украинската армија не е доволно концентрирана на едно место за да заслужи таква ударна моќ. Руско-украинскиот фронт е долг стотици милји, а борците се распространети низ југоисточна Украина. Русите можат да погодат цели во Украина и со конвенционално оружје.

    Нема ниту очигледна инфраструктурна цел. Украинските транспортни центри – патните и железничките клучки, мостовите – тешко дека заслужуваат таква разорна сила.

    Постои можност за нуклеарен напад врз одреден град, во кој би биле убиени голем број цивили. Но, во тој случај, глобалната реакција би била огромна. НАТО најверојатно ќе влезе во војната директно по она што за многумина ќе изгледа како нуклеарен геноцид. Таквата реакција сигурно нема да и помогне на Русија на бојното поле.

    Дали нуклеарниот удар би го надминал масовниот глобален одговор?
    Никој не знае како светот би одговорил на таков удар, но Русија речиси сигурно ќе ја изгуби млаката поддршка што сега ја ужива во Кина, Индија и глобалниот југ. Нуклеарен напад би ги преплашил дури и најжестоко антизападните режими.

    Одговорот на демократскиот свет би бил жесток. Русија би се соочила со екстремни економски санкции – целосно би била исфрлена од системот SWIFT, конфискација на имот во странство, протерување на нејзините граѓани и така натаму. НАТО веројатно би интервенирал во воздух и во море, воведувајќи зони за забранети летови.

    Во случај Русија да употреби нуклеарно оружје врз украински град, НАТО може директно да се вклучи во овој конфликт.

    Руската армија може да биде погодена
    За да може нуклеарното оружје на бојното поле значително да го промени текот на војната, би требало да се користи блиску до борбите, а тоа би значело дека и дел од руските воени единици би биле изложени на последиците од експлозијата. Досегашните лоши перформанси на руската логистика сугерираат дека нивните единици веројатно немаат заштитна опрема за да работат на озрачено бојно поле.

    Затоа, новата руска регрутирана војска, која веќе има проблеми со моралот и дезертерството, би била изложена на радијација, а можеби дури и на самиот удар, доколку би била доволно блиску. Ова речиси сигурно ќе ги влоши веќе постоечките проблеми во руската војска.

    Украина веројатно нема да се откаже
    Нуклеарниот напад веројатно нема да има силно влијание врз волјата на Украинците да продолжат да се борат. Дополнително, бомбардирањето на непријателот за да ги принуди да се предадат има лош успех.

    Ефектите од тактички удар би биле ограничени на погодениот регион и веројатно нема да го принудат Киев да склучи мир. Од друга страна, голем или стратешки напад врз градот, со големи жртви и уништување, би можел да го принуди преостанатото украинско раководство да се повлече, но тогаш НАТО најверојатно ќе влезе во војната по таков стратешки удар.

    Накратко, не постои јасен пат по кој нуклеарниот напад – вклучувајќи ја и суровата глобална реакција што би ја предизвикал – би ги зголемил шансите на Русија да победи во војната, пишува др. Роберт Е. Кели, професор по меѓународни односи, Катедра за политички науки, Националниот универзитет во Пусан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img