More

    Славески вели дека Данела има поддршка од само еден советник од ГРОМ

    spot_img

    Очекувам Советот на Град Скопје и во иднина да работи ефикасно. Единствената разлика е во тоа што градоначалникот Арсовска ќе го нема комодитетот што го имаше до пред извесно време позади себе да има стабилно мнозинство во Советот што ги поддржуваше сите нејзини предлози, иако понекогаш советниците имаа дилеми дали да го дадат својот глас за одреден предлог, вели во интервју за „Локално“ Трајко Славески, поранешен министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

    Претседател на Советот на Град Скопје појаснува дека градоначалничката на чуден начин се откажала од тоа мнозинство, додавајќи дека според гласањето по неколку точки од дневниот ред на последната седница се покажало дека од вкупно 45 советници таа има поддршка само еден советник.

    – Искрено, не очекував дека состојбите ќе ескалираат до овој степен. Градоначалникот Арсовска во изминативе неколку недели на прашања на новинари и на нивно чудење во неколку наврати истакна дека немала комуникација со претседателот на Совет на град Скопје од самиот почеток на мандатот затоа што „немало прашања за кои можела да се консултира. Таа на чуден начин се откажа од тоа мнозинство и според гласањето по неколку точки од дневниот ред на последната 18-та по ред седница се виде дека од вкупно 45 советници таа има поддршка од само еден советник (од партијата ГРОМ) – подвлекува претседател на Советот на Град Скопје“, вели Славевски.

    Тој не смета дека е време за предвремени локални избори иако Арсовска ја загубила довербата и од партијата поради која победи на изборите.

    – Се надевам дека градоначалникот Арсовска конечно ќе разбере дека нејзината работа би била јалова без соработка и поддршка од членовите на Совет на град Скопје. Во спротивно, Советот има голем број квалитетни и активни советници, од мнозинството и од опозицијата, кои се подготвени да предлагаат иницијативи и да носат одлуки, се разбира во рамките на програмата „За модерно Скопје“, кои градоначалникот и сите институции во надлежност на градот ќе мора да ги спроведуваат – изјави претседателот на Советот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img