Новиот британски министер за финансии призна дека се направени грешки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новиот британски министер за финансии Џереми Хант денеска призна дека неговиот претходник направил грешки и сугерираше можно поништување на голем дел од плановите на премиерката Лиз Трас за даночни намалувања за да се врати стабилноста на земја по неколкунеделни економски и политички турбуленции.

Британската премиерка Лиз Трас вчера го разреши Кваси Квартенг од функцијата министер за финансии и на негово место го назначи Хант.

Трас се обидува да „воведе ред” по тринеделните превирања на финансиските пазари предизвикани од најавата на владата дека значително ќе ги намали даноците.

Хант предупреди дека претстојат „тешки одлуки” и рече дека даноците може да се зголемат.

– Не беше во ред да се намали највисоката даночна стапка за оние кои заработуваат најмногу во време кога сите ќе треба да се жртвуваме за да поминеме низ многу тежок период, изјави Хант за Би-Би-Си.

Фискалниот извештај се очекува на 31 октомври.

Share This Article