More

    Гвардиола: Ливерпул и понатаму е нашиот главен ривал за титулата

    spot_img

    Пеп Гвардиола в недела (17:30 часот) ќе го предводи својот тим на „Енфилд“, а иако Ливерпул моментално е десетти на табелата и има 14 бода помалку од лидерот Арсенал, Гвардиола смета дека тоа не го менува фактот дека главен ривал на Сити за титулата е Ливерпул.

    „Откако сум тука, секогаш биле тешки натпревари, секогаш сме или пред или зад нив. Ќе биде тежок натпревар и не очекувам ништо помалку од тоа. Натпреварот не го диктира табелата туку случувањата на теренот. Не е важно дали сме пред или зад нив. Знам каков квалитет имаат тие, знаат каков квалитет имаме ние. Да имавме три кола до крајот на сезоната, би можел да кажам дека не можат да стигнат до врвот на табелата. Но, ни претстои долг пат, имаме и Светско првенство и сѐ уште е можно“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата.

    Гвардиола го пофали Фил Фоден но не сакаше да одговори на прашање за продолжување на договорот со Манчестер Сити.

    На прашањето зошто Ерлинг Халанд не играше во Лигата на шампионите против Копенхаген, Пеп рече:

    „Со него е се во ред, но не смееме да заборавиме колку натпревари веќе одигравме од почетокот на сезоната. Ерлинг не играше толку многу минатата година“.

    Дуелот на Енфилд започнува во 17:30 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img