Мукаетов порача дека првенството мора да изгледа светски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија за првпат во својата историја ќе биде домаќин на Европско сениорско првенство во екипен спорт – ракометот.

Од 4. до 20. ноември оваа година покрај Љубљана, Цеље и Подгорица, и Скопје ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство за жени. Како најава за големиот спортски настан во нашата држава, денеска претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов повика на сплотеност во организацијата на шампионатот како на светот би му покажале зошто ракометот е спорт број еден во Македонија.

– Идејата е да бидеме сите тука заедно и да покажеме дека водиме грижа едни за други. Сите заедно го работиме тоа во континуитет да креираме колку можеме подобар ракомет за Македонија. На претстојното Европско првенство очекуваме поддршка од нашиот народ за нашите девојчиња која навистина ја заслужуваат. Мораме заедно да продолжиме да работиме и да покажеме дека можеме да додадеме додатна вредност за мак-ракометот. Мора да покажеме дека во Скопје, Македонија, може да направиме нешто што ќе биде светски. Да покажеме сите заедно зошто е спортот број еден во Македонија – истакна Мукаетов.

На сето тоа се надополни и ЕХФ амбасадорката на Европското првенство, поранешната ракометарка Гордана Нацева.

– Чест и задоволство е што денеска сум овде. Свесни сме колку голема работа ни се случува и што значи да се биде домаќин на Европско. Не секоја држава ја има таа можност. Ја поздравувам РФМ за организацијата и сметам дека се одржува во исклучително важен момент за женскиот ракомет. Ова ќе биде голем мотив и силен импулс за сите нас. Не секоја генерација има чест да игра во својата земја на големо натпреварување. Со верба во себе и помош од трибините верувам дека можеме да бидеме изненадување. По долго време мак-публиката ќе може да присуствува на натпревари на европската ракометна елита. Предизвик за нас е да бидеме добри домаќини и дека сите гости ќе понесат најубави спомени за нашата земја. Напред Македонија! – истакна Нацева.

Share This Article