Земјотрес од 3 степени е регистриран синоќа во 23 часот и 56 минути од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Потресот се случил на 135 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.
Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот е почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.