Жена од Босна и Херцеговина ги шокирала сообраќајните полицајци кои ја запреле додека возела автомобил, а алкотест потврдил дека има рекордни 5,19 промили алкохол во крвта.
Жената за која се знае дека има 46 години и е од Босанска Градишка, полицијата на 9 октомври доцна во ноќта ја сопрела во околината на градот. На прв поглед не забележале дека е целосно пијана, бидејќи кога излегла од автомобилот делувала стабилно, но се испоставило дека го замавнува јазикот.
„Кога е измерено толку големо присуство на алкохол во крвта, полицајците се изненадија што тоа е дури и можно. Поединци се сомневаат во инструментот, но нема место за тоа. Истото лице, евидентирано во полициските документи, претходно е казнет поради 3,5 промили алкохол во крвта, но очигледно не се променил. Таа продолжи да пие и да вози“, изјави портпаролката на полицијата Весна Вучиќ.
Жената за која порталот наведува дека по професија е келнерка и „сака да пишува поезија и носталгични текстови“, морала да преноќи во полициска станица додека не се отрезни. Покрај тоа, таа е казнувана со 200 евра и забрана за возење во траење од два месеци.