More

    Лекари од Медицинскиот совет на Иран тврдат дека нивниот шеф соработува со власта

    spot_img
    Повеќе од 800 членови на Медицинскиот совет на Иран го обвинија шефот на организацијата дека им помага на властите во прикривањето на причината за смртта на Махса Амини, младата жена која почина во притвор каде беше ставена поради носење несоодветна облека.

    Како што јави „Радио Слободна Европа”, шефот на иранскиот медицински совет, Мохамад Раизадех, ги искористил името и угледот на организацијата за да го „легитимира таканаречениот Комитет за утврдување факти за да се прикрие причината за смртта на Махса Амини”.

    Според потписниците на соопштението, Комитетот за утврдување факти бил формиран зад затворени врати и „нема кредибилитет”.

    Амини почина на 16 септември, три дена откако беше приведена во полицијата во Техеран поради наводно кршење на правилата за носење хиџаб.

    Очевидци пред медиумите изјавуваа дека Амини, која падна во кома откако беше примена во болница, била претепана во комбето при привувањетоа.

    Лекарите кои ја потпишаа заедничката изјава изразија „жалење” од тоа што шефот на иранскиот медицински совет ја заборавил „моралната и социјалната обврска на лекарите да го бранат народот”.

    „Смртта на иранската Курдка Махса Амини била предизвикана од болест, а не од удари или тепање”, се вели во официјалниот медицински извештај објавен на 7 октомври.

    Нејзиното семејство вели дека таа била во добра здравствена состојба пред нејзиното апсење.

    Смртта на Амини предизвика масовни протести во Иран. Официјалните лица ја отфрлаа одговорноста на полицијата за морал.

    Високопоставени претставници на власта во Техеран, вклучително и врховни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img