Советот на ЕУ денеска ја усвои Одлуката Северна Македонија да го потпише Договорот за гранично управување, попознат како „Фронтекс“. Договорот наскоро ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти и дополнителни објаснувања, соопшти вечерва СДСМ.
„Ова е прв официјален договор со ЕУ потпишан на македонски јазик. Со ова уште еднаш се потврди дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно бришење на македонскиот јазик е само една обична лага. Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводна асимилација и бугаризација, за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Денешната одлука на Советот на ЕУ е уште еден доказ дека македонскиот јазик е признаен и заштитен и со чиста формулација ќе стане еден од официјалните јазици на ЕУ“ – се вели во соопштението на СДСМ.
Веста на Фејсбук ја сподели и премиерот Димитар Ковачевски, кој напиша дека со овој чекор македонскиот јазик и македонскиот идентитет добиваат исклучително важна потврда.