Кина не воведува санкции за Русија, не го следи патот на САД и на ЕУ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кина нема да се приклучи кон финансиските санкции што САД и ЕУ ги воведоа против Русија, соопшти денеска кинеската банкарска регулаторна комисија.

Претседателот на кинеската регулаторна комисија за банкарство и осигурување, Гуо Шукинг изјави дека официјален Пекинг е против воведувањето санкции.

– Ние нема да се приклучиме на таквите санкции и ќе одржиме нормална економска, трговска и финансиска размена со сите релевантни страни – истакна Гуо на прес-конференција.

Тој додаде дека Кина не ги одобрува финансиските санкции, особено оние наметнати еднострано, „бидејќи тие немаат правна основа и нема да имаат добри ефекти“.

Share This Article