Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-Ен-Ен зборуваше за актуелни теми: Русија и Владимир Путин, за нуклеарните закани, за рецесијата и заСаудиска Арабија.
Но, во еден момент додека зборуваше, тој ги тргна рацете од колената, па од десната рака му испадна мало парче хартија, кое најверојатно требало да му помогне со одговорите на прашањата што му ги поставува новинарот Џејк Тапер.
Ова не е прв негов гаф од ваков тип. Пред неколку месеци новинарите го разоткрија Бајден кога објавија фотографии од упатствата што ги имал за време на средбата со водечки луѓе од енергетскиот сектор во Белата куќа.
Фоторепортерите го снимиле како држи лист хартија со упатства што да прави и што да каже за време на средбата.
Во продолжение, погледнете го видеото: