Организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим е Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина и нејзиниот шеф Кирил Буданов

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим е Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина и нејзиниот шеф Кирил Буданов, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Службата соопшти дека привела 5 лица. Пет се државјани на Русија и тројца државјани на Украина и Ерменија.

ФСБ соопшти дека заедно со Истражниот комитет е утврдено дека „организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим бил Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, нејзиниот шеф Кирил Буданов, вработени и агенти“.

Како што утврди истрагата, експлозивната направа била камуфлирана во ролни со градежна полиетиленска фолија на 22 палети со вкупна тежина од 22.770 килограми и на почетокот на август „испратена од морското пристаниште Одеса во бугарскиот град Русе по договор бр. 02.08.2022 помеѓу Транслогистик ДОО УА“ Киев  и „Балтек Капитал СА“.

Разузнавачката служба нагласи дека истрагата за нападот продолжува, а сите нејзини организатори и соучесници, „вклучувајќи и странски државјани, ќе одговараат во согласност со руските закони“, наведува Интерфакс.

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 октомври изјави дека експлозијата на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија е терористички чин, планиран од украинските специјални служби.

Share This Article