Британското списание специјализирано за фудбал ФорФорТу (FourFourTwo) објави список на 100 најдобри фудбалери на сите времиња на кој на првото место се најде аргентинскиот капитен Лионел Меси.
Зад Меси е неговиот покоен сонародник Диего Марадона, а меѓу првите петмина се Португалецот Кристијано Роналдо, Бразилецот Пеле и Французинот Зинедин Зидан.
„За 20 години отсега младите фудбалски фанови ќе читаат за месијанската фигура чија брилијантност го шокираше светот, собори рекорди и почна ера на доминација … Меѓутоа, дури откако ќе ги погледнат снимките ќе сфатат што пропуштиле“, пишува британското списание во освртот за Меси.