More

    Организација НОВАСНОМ: Предадени се идеалите на Борците од НОБ

    spot_img

    Организацијата НОВАСНОМ, денеска, на 81 годишнината од Денот на народното востание на македонскиот народ, оддава огромна почит кон сите востаници во борбата против фашизмот и фашистичкиот окупатор на македонската земја. Денеска, со огромен пиетет, оддаваме признание за македонските херои кои, ја започнаа борбата за слобода и ослободување на македонскиот народ и македонската земја од окупаторите фашистички. Тие, храбро се бореа и гинеа за самостојна Македонија, за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

    Организацијата НОВАСНОМ, смета дека, денеска, за жал дојде време, кога треба да кажеме дека заради оваа одродничка власт, предадени се нивните идеали и визии, нивната борба и жртви се погазени и дека Република Македонија ја ликвидираа, ја заменија со Северна, ја нагрдија, ја обезличија и им ги одзедоа правата и достоинството на Македонците. Денеска, пред Македонската нација, „висат“ истите пранги окупаторски, истите закани за целосно деградирање и девалвирање на достоинството на Македонците, за газење и бришење на историјата Македонска, демнат подли обиди за бугаризација, да се сотрат традициите, обичаите и културата Македонска. И сето тоа, со амин на оваа неспособна, одродничка и предавничка власт која мизерно и со свиткана кичма, молчешкум ја гледа агресијата за крај на постоењето на Македонците.

    И затоа, организацијата НОВАСНОМ смета дека, дојде време кога гласно мора да кажеме дека борбата за ослободување на Македонија ПРОДОЛЖУВА. Оваа борба е новата револуција на сите нас-македонските патриоти, оваа борба е нашиот генерациски предизвик и крик на Македонците против преспанскиот договор, против т.н. „заедничка историја“ со Бугарија, против македонскиот јазик да бидне дијалект на бугарскиот. Оваа борба е за нашето вековно и уставно име Република Македонија и дека е ДОСТА од „бугарска демократија“, ДОСТА од бугарски клубови во Македонија, ДОСТА од дволичните игри на меѓународната заедница и од апетитите на нивните миленичиња Грција и Бугарија-најсиромашната земја во ЕУ. Оваа борба, значи ДОСТА за поделбите и КРАЈ за оваа марионетска и профашистичка власт. Оваа борба е нашиот Македонски восклик за живот и слобода, за бесмртност на македонизмот со кој и денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата.

    Македонци, нека ни е честит 11 октомври, денот на непокорот и Ден на народното востание на македонскиот народ.

    ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img