More

    Државата го заокружи целокупното финансирање на буџетот за годинава

    spot_img

    Државата го заокружи целокупното финансирање на буџетот за годинава, со  над 40 милиони евра заштеда како резултат на претпазливото управување со должничкото портфолио во услови на криза и глобалниот раст на каматните стапки, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими за време на гостувањето на Дневникот на Сител.

    Тој посочи дека цената на обезбедениот капитал за финансирање на буџетскиот дефицит и старите долгови кои доспеваат е по најповолни услови, поради заложбите на Владата за навремено обезбедување на капитал за финансирање на антиктризните мерки, но и другите буџетски потреби како зголемувањето на пензиите, социјалната помош, минималната плата, земјоделските субвенции и поддршката на фирмите за време на тековната криза.

    Со Кредитната линија за претпазливост на ММФ, за која вчера Мисијата на ММФ даде позитивна оценка за користење за нашата земја и која се доделува исклучително на економии со здрави економски фундаменти и со здрави политики, заокружено е потребното финасирање на буџетот за годинава, рече министерот.

    – Ние цела година, од почетокот на кризата, работевме на поповолни услови за финансирање на буџетот, подобри во однос на оние кои би ги добиле доколку издадевме еврообврзница. Доколку издадевме еврообврзница, каматната стапка ќе се движеше околу 8-8,5%. Ние оценивме дека условите не се поволни и затоа не излеговме со еврообврзница, а ниту земјите во регионот, иако имаше обиди за тоа, поради високите каматни стапки кои достигнуваа и до 11%. Сепак, успеавме да направиме оптимално портфолио согласно рочноста и ниските трошоци. Тука се средствата во износ од 250 милиони евра преку германската обврзница – инструмент кој досега нашата земја не го издавала, со каматна стапка 3,75% и 6-месечен ЕУРИБОР. Понатаму, тука се средствата преку кредитната линија за претпазливост на ММФ – ПЛЛ, каде каматната стапка е околу 1%, плус камата на СПВ. Преку комерцијалната банка, „Шпаркасе”, обезбедени се 50 милиони евра со камата од 1,15% и 12-месечен ЕУРИБОР. Преку државни хартии од вредност на домашен пазар обезбедени се средства по понедрирана камата од околу 2,6%. Тука се  и средствата кои ги користиме како депозит од минатата година во износ од 250 милиони евра со камата од 1,6%. Во просек заедно со депозитот од претходната година ние постигнавме каматна стапка од 3,3%” – посочи Бесими.

    Во интервјуто министерот Бесими истакна дека во Буџетот има доволно средства за покривање на потребите, како и за мерките за намалување на ефектите од кризата. Сепак, тој нагласи дека тековната светска економска криза е една од најголемите од Втортара светска војна наваму и дека можноста целиот шок да се покрие преку буџетот, а без при тоа секој поединечно да не направи заштеда од аспект на користење на електричната енергија е невозможно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img