Потпретседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен шеф на државата Дмитриј Медведев изјави дека Москва ќе се обиде да ја собори владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Целта на Русија, заедно со заштитата на нејзиниот народ и граници, треба да биде и „целосно разбивање на политичкиот режим на Украина“, рече Медведев.
Тој рече дека „украинската држава во нејзината сегашна конфигурација, со нацистичкиот политички режим, ќе продолжи да претставува постојана, директна и јасна закана за Русија“, пренесува АП.