More

    Антикорупциска се изјасни за случајот „Броило”

    spot_img

    Нема основа за отворање постапка за утврдување судир на интереси против премиерот Димитар Ковачевски за случајот „Броило”, како што побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ – соопшти претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска.
    – Кога стапи на функција заменик министер за финансии, премиерот Димитар Ковачевски во својот анкетен лист уредно пријави сѐ што поседува. Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека тој не учествува во управувањето, а ги продал и сопственичките удели во фирмата. Оттука нема основ за покренување постапка за утврдување судир на интереси. Согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси функционерот кога стапува на функција управувањето на фирмата треба да му го довери на друго лице кое не е член на неговото семејство. Во случајов, тој не е ниту сопственик, ниту управител – изјави Ивановска за Мкд.мк.

    ВМРО-ДПМНЕ побара Антикорупциска комисија да отвори предмет со кој ќе истражи дали премиерот Ковачевски е вмешан во криминал вреден 26 милиони евра во врска со бизнис за производство на струја. Партијата на прес-конференција на почетокот на месецов изнесе тврдења дека фирми основани од премиерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов злоупотребувале државни тендери вредни 26 милиони евра.

    ФОТО: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img