Неодамна сите светски медиуми објавија дека холивудскиот актер Силвестер Сталоне се разведува со неговата сопруга Џенифер Флавин, со која е заедно 25 години.
Сталоне (76) ја изненади јавноста со потегот откако тој и неговата 22 години помлада сопруга Џенифер Флавин потврдија дека се разведуваат летово по 25 години брак. Имено, Флавин поднела барање за развод во средината на август. Но, деновиве Сталоне и Џенифер се видени заедно и изгледаат посреќни од кога и да е!
Имено, Силвестер и Џенифер биле видени како среќни шетаат рака под рака низ улиците на Њујорк, а Џенифер цело време била насмеана. Исто така, двојката се појавила заедно на вечера во „Поло бар“во Њујорк.
„Одлучија повторно да се сретнат дома, каде што разговараа и успеаја да ги решат несогласувањата. И двајцата се исклучително среќни“, изјави портпаролот на парот, а овие нови фотографии изгледа го потврдуваат тоа. Наводно, парот решил да го прекине бракот во 1997 година во жарот на расправии и гнев, но сега оставиле се зад себе и со помош на брачен советник повторно пронашле сродни души еден во друг.
Сталоне и Џенифер имаат три ќерки.
ФОТО: Инстаграм