Ковачевски објави мерки за помош вредни 350 милиони евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не е време за финансирање на профитабилност, туку е време за финансирање на опстанок. Нема да субвенционираме профитабилност на компании, одговори Ковачевски на новинарско прашање на денешната прес конференција, дали ќе има мерки за големите индустриски капацитети.

Тој најави повторно зголемување на минималната плата во почетокот на идната година.

Ковачевски порача дека државата никого нема да заборави и дека ќе се погрижи сите да бидат згрижени оваа зима.

– Ќе биде тешко и кај нас, но и во многи други земји. Ќе се погрижиме да имаме доволно греење и храна за да ја преживееме зимата – рече тој.

Владата денеска донесе нов сет мерки за справување со енергетската криза вреден над 350 милиони евра.

Меѓу мерките се одложување на воведувањето еколошката такса, ослободување на компаниите од плаќање ДДВ при увоз на енергенси, субвенционирање 80% од сметките за струја за домаќинстватаа, за што се одвоени 222,7 милиони евра. 17 милиони евра се одвоени за субвенционирање на придонеси во приватните компании, зголемување на пензиите од ноември.

– Јас ќе дадам сѐ од себе, јас секојдневно и активно се справувам со овие предизвици. Јас знам дека сите ние се грижиме за нашите семејства, но кога сте премиер вие мора да се грижите за сите – рече Ковачевски.

Дел од мерките треба да поминат во Собрание зашто се потребни законски измени, а дел ќе бидат со одлука на Влада или на ресорно министерство.

Share This Article