More

    Станиците на водните пумпи се внесуваат на регулираниот пазар, покрај основните и средните школи, што значи дека нема да има зголемување на цената на водата за сите граѓани на Македонија

    spot_img

    Станиците на водните пумпи се внесуваат на регулираниот пазар, покрај основните и средните школи, што значи дека нема да има зголемување на цената на водата за сите граѓани на Македонија, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција во Владата.

    Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание да ги изгласаат сите закони зашто се во интерес на граѓаните со цел да не се зголемат цените на водата, струјата и на парното.

    Министерот Бектеши рече дека во Белград се сретнал со претставници на компанијата која им ја посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Станува збор за компанија регистрирана во Швајцарија, а претприемач од Србија и од земји од регионот, кој набавува природен гас од руски Гаспром.

    – Се работи за компанија од Босна и Херцеговина и ги очекуваме нивните онуди. Бараме да се достават контра банкарски гаранции за испорака и за цена. Во моментот кога ќе ги имаме тие понуди ќе ја известиме јавноста дали ќе бидат прифатени и зошто не би биле прифатливи – рече Бектеши.

    Во однос на формулирањето на цените на енергенсите и нивната набавка и дали е обезбедено греење за Скопје само за две недели, Бектеши појасни дека секој 15-ти во месецот се доставува понуда за наредниот месец.

    – Секојдневно ги следиме берзите. Сега знаеме дека во ноември цената ќе биде пониска од таа во октомври – рече тој и додаде дека до петок ќе се ослободат дополнителни капацитети во делот на интерконекторот со Република Бугарија за снабдување со природен гас во земјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img