Венецуелските власти доцна синоќа соопштија дека 15 лица загинале по обилните врнежи што наврнаа во земјата во последните недели.
Според претходниот биланс од 1 октомври, пријавени се 13 загинати, додека три лица се водат како исчезнати.
Невремето предизвика поплави на околу 50 километри од Каракас, соопштија локалните власти, додавајќи дека спасувачката операција се уште е во тек и дека во некои делови од земјата нема струја.
Венецуела од почетокот на годината бележи натпросечни врнежи од дожд, што се припишува на временскиот феномен Ла Ниња, кој предизвикува заладување на дел од површинските води на Пацификот.