Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, стана управител на новоформирана компанија за производство на електрична енергија регистрирана измзинатиот период – Солар Грин Енерџи, објави Фактор.
Компанијата е во сопственост на Панче Заев, таткото на поранешниот премиер, а дејноста е „поизводство на електрична енергија“.
Не е познато кои извори за производство на електрична енергија ќе ги користат таткото и братот на Зоран Заев.
Поранешниот премиер досега единствено има потврдено дека Тотал Енерџи, фирмата чиј сопственик е неговиот син Душко Заев ќе продава струја произведена од фотонапонски панели.