More

    Маск предлага Тајван да стане специјална административна зона на Кина

    spot_img

    Илон Маск, најбогатиот човек на светот предлага Тајван да стане специјална административна зона на Кина.

    „Моја препорака би била да се најде посебна административна зона за Тајван која е разумна, веројатно нема да ги направи сите среќни. И можно е, и мислам дека веројатно, всушност, тие би можеле да имаат договор кој е поблаг отколку со Хонг Конг“, пренесе „Гардијан“.

    Маск го кажува ова одговарајќи на новинарско прашање поврзано со Кина, каде што неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ управува со голема фабрика во Шангај.

    Пекинг предводен од кинеската комунистичка партија тврди дека има суверенитет над Тајван. Кина и Тајван се поделени од крајот на граѓанската војна во Кина во 1949 година, а Тајван постојано добива поддршка од САД за негова независност од Кина.

    Маск, неодамна коментираше и за состојбата во Украина, предлагајќи Украина да и го отстапи Крим на Русија, со што предизвика критики од Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img