Украина стои зад експлозијата на Кримскиот мост што се случи утрово. Тоа го потврди Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој на Твитер напиша дека се што е украдено од Украина ќе се врати.
„Ова е почеток. Сè што е нелегално мора да биде уништено, а сè што е украдено мора да се врати во Украина. Сѐ што е окупирано од Русија мора да биде протерано“, напиша Подољак на Твитер.
Crimea, the bridge, the beginning. Everything illegal must be destroyed, everything stolen must be returned to Ukraine, everything occupied by Russia must be expelled. pic.twitter.com/yUiSwOLlDP
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) October 8, 2022
Мостот го поврзува полуостровот Крим со Русија. Рускиот претседател Владимир Путин го отвори мостот во 2018 година.
Путин утрово формира комисија која треба да откие кој е виновен за експлозијата.