Бесими деновиве ќе го каже исходот од преговорите со кредитори

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата работи на тоа да продолжи економската активност, да се поддржат најранливите категории граѓани,  да се одржи ликвидноста и на Буџетот и на стопанството воопшто, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Тој вечерва во емисијата „Клик плус” на ТВ 21 рече дека има позитивни очекувања од преговорите со Меѓународниот монетарен фонд  во однос на обезбедување финансии за справување со енергетската криза.

– Сметам дека во наредните денови министерот за финансии ќе има позитивна вест и за економијата и за Буџетот и за граѓаните во поглед на преговорите со Меѓународниот монетарен фонд и преговорите со другите финансиски институции и кредитори – рече Ковачевски.

Тој повтори дека во Министерството за труд и социјална политика веќе се подготовуваат мерките за најранливите категории граѓани, а за компаните се прават калкулации за субвенционирање на цената на електричната енергија и за набавка преку директни договори со други држави за пониска цена.

На седницата на Економскиот совет во проширен состав  најтранспарентно биде претставени сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори.

Share This Article