More

    Издадени се 358 дозволи за привремен престој од хуманитарни причини

    spot_img

    Од 24 февруари, кога започна воената агресија на Русија врз Украинав, до 18 септември, на територија на РСМ влегле 21.106 украински државјани, а на излез поминале 15.539 украински државјани. Тоа покажува дека овие државјани биле овде на територијата и најголем дел се вратиле, затоа што ги донеле своите семејства, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Макфакс.

    – Најголем дел од овие луѓе се дојдени на ниво на пријателски, роднински и бизнис врски, затоа што работеле во одредени компании. 4.130 лица се под 16-годишна возраст, а 664 се лица над 70-годишна возраст. Во истиот период, од почетокот на кризата до денес имаме издадено 358 дозволи за привремен престој поради хуманитарни причини. Тоа не е туристички престој, како што се шпекулираше во јавноста, односно  дека на тој начин државата не била подготвена. Напротив, оние лица кои побарале привремен престој од хуманитарни причини, а такви се 358, го добиле тој статус, додека немаме лица кои побарале азил на територија на РСМ –  информираше Спасовски.

    Тој објасни дека има и други државјани, вклучително и руски, кои побарале заштита на територијата на РСМ од повеќе причини, нагласувајќи дека низ процедурите во законот, како и со обврските од низа меѓународни договори и конвенции, таква заштита мора да се обезбеди, но податоците покажуваат дека не може да се зборува за некаков наплив на руски државјани.

    – Од 13.09.2022 до 26.09.2022 година кога практично беше и најактуелно прашањето за воена мобилизација во Русија, 562 руски државјани влегле на територија на РСМ, а околу 512 ја напуштиле, што значи дека тие транзитираат низ државата. Најголем дел – околу две третини ги користеле копнените гранични премини, додека мал дел меѓународниот аеродром во Скопје или Охрид – рече Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img