Воената елита на Москва веројатно нема да дозволи рускиот претседател Владимир Путин да започне нуклеарна војна, смета врвен експерт. Претседателот би се соочил со бунт и би предизвикал воен удар во Кремљ доколку одлучи да користи нуклеарно оружје.
„Воен бунт е најверојатниот крај на владеењето на Путин“, изјави извор за Мирор. Тој додава дека елитата во Кремљ верува дека нуклеарните закани на Путин делуваат како потпора против Западот.
Но, ако Путин навистина нареди нуклеарен напад, високите офицери најверојатно ќе се побунат и ќе се мобилизираат против Кремљ, принудувајќи го Путин да се повлече или да умре.
Изворот наведува и дека Путин би можел да го наследи Евгениј Викторович Пригожин (61), кој го нарекуваат готвач на Путин, бидејќи за него работела неговата угостителска компанија.
Тој е и основач на платеничката група Вагнер и има блиски врски со главната управа на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, односно поранешната Главна разузнавачка служба.
Други можни завршетоци вклучуваат „народни востанија, немири и отцепување на Сибир, Далечниот Исток и Далечниот Север“.
Воени експерти сметаат и дека Путин размислува за напади врз западната инфраструктура, како оние на гасоводите „Северен тек“. Се уште не е познато кој точно стои зад овие напади, но шведската истрага сугерира дека станува збор за саботажа.