More

    Нова веб страница за „Листа на поранешни момчиња“

    spot_img

    Трејси Теган создаде база на податоци за „лошите поранешни момчиња“, во која жените ќе може да ги споделат своите лоши искуства со мажите од минатото. Интернет-страницата веќе ја опишуваат како „Трипедвајзор за поранешните“.

    – Сите ние го имаме тој „поранешен кретен“ за кого сакаме да ги предупредиме другите, па тоа сега може да го направите токму тоа – се вели во описот.

    На „The Ex-Boyfriend List“ (Листа на поранешни момчиња) се споделуваат приказни за мажи кои ги изневерувале своите партнерки, ги третирале со непочитување, па дури и вербално или физички ги злоупотребиле. Жените може да ги споделат своите искуства и да го остават името на нивното поранешно момче, градот и државата во којашто тој живее. Но, „лошите поранешни девојки“, се чини, не се опфатени тука, барем не во насловот и описот.

    Правилата велат дека личните податоци, вклучувајќи го приватниот телефонски број на мажот, адресата, работното место и податоците за неговото семејство не може да се споделуваат.

    – Ова место е за сите вие ​​жени кои сте несреќно вљубени во момче кое не вложило доволно во врската и ве искористило на начини на коишто не сте свесни дека можат да се случат. Преку овој процес што го изградивме, може да ја откриете вистината за него и да спасите животи – вели Теган.

    Таа, исто така, ги охрабрува корисничките кои се сомневаат во потенцијалниот партнер – да го побараат во базата на податоци.

    Некои коментари од интернет-корисниците укажуваат и дека во таа „база на податоци“, приказните би биле еднострани и непроверени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img