Коосновачот на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, тврди дека се наоѓа на украинската „листа за ликвидација“, пренесува Агенција Анадолија.
Роџер Вотерс зборуваше за странските медиуми и рече дека се наоѓа на „украинската листа за ликвидација“.
„Не заборавајте, јас сум на списокот за ликвидација кој го поддржува украинската влада. Јас сум на списокот, а тие неодамна убиваа луѓе. Кога убиваат некого, пишуваат „ликвидирани“ преку сликата. А јас сум на една од тие слики“, рекол тој.
Како пример, музичарот ја навел Дарија Дугина, руска новинарка која беше убиена во август, откако се најде на списокот на скандалозна националистичка веб-страница која е насочена кон секој кој, според нив, претставува закана за националната безбедност на Украина.
Инаку, Роџер Вотерс е „персона нон грата“ поради неговиот став за војната во Украина, а му ги откажаа и концертите.