Австралиските уметници за тетовирање открија дали мажите или жените подобро поднесуваат болка. Во видеото од 30 секунди, две од тројцата се согласуваат дека се жени.
„Девојки сигурно – нема потреба да разговараме за тоа. Девојките прават многу подобро од мажите“, низ смеа вели првиот мајстор. Потоа истото мислење го дава и една жена уметник: „100 проценти женски“. Поради некоја причина тие можат подобро да се справат со болката од мажите“.
Сепак, трет уметник за тетоважи мисли поинаку. Тој верува дека тоа варира од личност до личност и не мора да се заснова на пол.
„Многумина велат жени, но тоа е индивидуално. Зависи од поединецот“, објасни тој.
Видеото за само еден ден собра дури 1,2 милиони прегледи, а стотина го дадоа своето мислење на оваа тема, пренесува Индекс.
„Болката предизвикана од тетовирањето не е полоша од менструалните грчеви“, „Буквално сме родени да се пораѓаме, посилни сме“, „Во споредба со бременоста, тетовирањето е смирувачко, но се согласувам со последното момче“, се некои од коментари.
И покрај популарното верување дека жените полесно поднесуваат болка, истражувањата покажаа дека мажите всушност подобро ја поднесуваат болката.