Цените на недвижностите во третиот квартал годинава, според податоците на Народна банка се зголемиле за 21,2 отсто во одност на истиот период лани.
Во однос на претходниот квартал забележан е раст на цените од 4,7 отсто.
Цените на недвижностите растат од почетокот на годината. Во првиот квартал тие пораснаа за 12,4 отсто, а во вториот кварталод 16,5 отсто.
Градежниците велат дека растот на цените на становите е резултат на зголемените трошоци кои ги имаат компаниите за репроматеријали, тренспорт и струја. Трендот на пораст на цените на становите, според нив, нема да запре и во наредниот период, бидејќи не гледаат дека се смируваат цените на материјалите што ги вградуваат во објектите.
Не се намалува ниту пак градежната активност. Според податоците на Државниот завод за статистика расте и бројот на издадени одобренија за градба. во септември само за изградба на објекти во високоградба издадени се 250 одобренија, а за реконструкција се дадени 126 одобренија. При тоа предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 81. 059 м2.