More

    Познатите француски актерки ги сечат косите во знак на солидарност со Иранките

    spot_img

    Познатите француски актерки како Жулиет Бинош (58), Марион Котијар и Изабел Ипер (69) отсекоа прамени од косата во знак на поддршка за Иранките кои протестираа поради смртта на 22-годишната Махса Амини која падна во кома по апсењето на тамошната полиција за морал.

    „За слобода“, извикна Бинош пред да отсече голем прамен од нејзината коса и да го впери во камерата.

     

    На познатата актерка во потстрижувањетона косата како знак за поддршка на младата Иранка ѝ се придружија и други актерки и пејачки, меѓу кои Марион Котијар и Изабела Аџани.

    Како музичка позадина на видеоснимките на кои ги сечат прамените од косата била италијанската песна „Bela Ciao“ на персиски јазик.

     

    Макса Амини беше уапсена на 13 септември во Техеран поради „непримерно облекување“, а почина три дена подоцна во болница, што предизвика бранови на протести во Иран во кој досега, според податоците на организацијата за човекови права, настрадаа повеќе од 130 луѓе.

    „Махса Амини беше злоставувана од полицијата поради нејзината убавина додека не умре. Сè што правеше е што носеше покривка за глава на погрешен начин. Таа почина затоа што ѝ беа откриени неколку прамени од косата“, се вели во видеото на Инстаграм објавено на страницата soutienfemmesiran. (поддршка за жените од Иран) на кои се објавени видеа со шишање.

     

    Таа објава се прошири и на други социјални мрежи како Фејсбук и Твитер.

    „Иранките очекуваат поддршка од меѓународната заедница. Ова е убав начин да се покаже таа поддршка“, напиша Ричард Седило, кој ја започна кампањата.

    „Ова е само првиот чекор, се надевам дека ќе го следат сите во светот, не само актерките, туку и другите. И мажите можат да си ја истрижат косата, мислам дека тоа ќе се случи“. Него го послушаа адвокати, медиумски личности и други жени во Франција.

    Шведската претставничка Абир Ал Сахлани, родена Ирачанка, исто така ја скрати косата во Европскиот парламент за време на пленарната седница.

    „Додека Иран не се ослободи, нашиот гнев ќе биде поголем од угнетувачите. Додека Иранките не се ослободат, ние ќе стоиме покрај вас“, рече таа вечерта пред да ја отсече косата.

    Протестите во Исламската Република се одржуваат секој ден откако Амини почина на 16 септември во притвор на полицијата за морал во Техеран, откако беше приведена поради неправилно носење хиџаб.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img