Актерката Анџелина Џоли (47) поднела противтужба против нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит (58). Во него таа упатила сериозни обвинувања против поранешниот сопруг. Таа детално го опишала настанот како малтретирање во приватиот авион во 2016 година.
Во тужбата, поднесена во вторникот од адвокатите на славната актерка во Лос Анџелес, се наведува дека на 14 септември 2016 година имало расправија во авион, што наводно довела до нејзино барање за развод неколку дена подоцна.
„Кога едно од децата вербално ја бранело Џоли, Пит му се нафрлил на сопственото дете, а Џоли го зграпчила одзади за да го спречи. За да ја тргне од грбот, Пит ја фрлил назад на седиштетот на авионот притоа повредувајќи ги грбот и лактот на Џоли“, стои во списите доставени до судот па следува:
„Децата втурнаа внатре и сите храбро се обидоа да се заштитат едни со други. Пред да заврши, Пит давеше едно од децата, а друго удираше во лицето. Некои од децата го молеа Пит да престане. Сите беа преплашени”.
Покрај тоа, се вели дека во текот на „многуте напнати часови“ од летот, Пит „повремено излегувал од задниот дел на авионот за да им вика и пцуе“ и „во еден момент ја полеал Џоли со пиво, а во друг ги полеал децата со пиво и црвено вино“.
Адвокатите на Пит се уште не се огласиле по повод овие сериозни обвинувања.