Велика Британија воведува санкции кон Белорусија поради улогата на оваа земја во рускиот напад врз Украина, соопшти синоќа британската Влада.
Би-Би-Си ја пренесува шефицата на дипломатија, Лиз Трас, која изјави дека се воведени санкции за поединци и организации „поради улогата на Белорусија во руската инвазија на Украина“.
– Режимот на Лукашенко активно ја помага и поддржува илегалната инвазија на Русија врз Украина и ќе ги почувствува економските последици од поддршката на Путин – рече Трас.