Како што се наведува во соопштението, УЕФА ќе ја соопшти висината на казната по завршување на дисциплинската постапка.
Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека покренала дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) поради однесувањето на навивачите на натпреварот од Лигата на нации во Виена против Австрија.
Хрватска пред девет дена како гостин во Виена ја совлада селекцијата на Австрија со резултат 3:1 во шестото коло од А дивизијата на Лигата на нации и се пласираше на завршниот турнир.
УЕФА покрена дисциплинска постапка против ХНС поради фрлање предмети на теренот, палење факели и расистичко однесување на некои хрватски навивачи.