Русите бегаат и рушат мостови зад себе

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинските сили ослободија клучно село во јужниот регион Херсон, терајќи ги Русите да се повлечат. Министерството за одбрана во Киев објави видео на кое се гледа како 35-та поморска бригада го подига украинското знаме над Давидов Брид, јавува Би-Би-Си.

Жителите снимиле украински војници како шетаат низ селото. Русите сега се принудени да се повлекуваат и на југ.

 

 

 

 

Во своето обраќање во вторникот вечерта, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се ослободени и селата Љубимивка, Хрешченивка, Золота Балка, Билјаивка, Украинка, Велика Олександривка и Мала Олександривка и дека тоа е „само дел од целиот список“.

Украинскиот заменик-министер за внатрешни работи, Јевхен Енин, рече дека 50 градови и села се повторно заземени, а околу 3.500 граѓани се ослободени во Керсон, но не кажа во кој период. Министерството подоцна соопшти дека руските сили се деморализирани и се обидуваат да уништат мостови во обид да го забават украинското напредување.

– Нема причина за паника.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот Џо Бајден разговараше со Зеленски во вторникот и го увери дека САД никогаш нема да ја признаат руската анексија. Тие, исто така, разговараа за нова помош од 625 милиони американски долари, коа ќе ги вклучува и ракетните фрлачи Химарс.

Немаше непосредна потврда дека паднале и селата североисточно од Давидив Брид, а рускиот воен портпарол не спомна тамошни загуби.

Но, на мапите користени за да се илустрира руската контрола, беше јасно дека таа повеќе не ги вклучува селата Архангелск и Велика Олександривка на северо-источниот дел на регионот и Дудчани на брегот на реката Дњепар.

- Advertisement -
Ad image

Рускиот воен блогер Рибар рече дека армијата одлучила да се повлече бидејќи е во опасност да биде опколена.

„Не е сосема јасно каде ќе биде новата линија на контакт“, напиша тој.

Протераниот заменик-градоначалник на Херсон, Роман Холовнија, рече:

– Многу населени места беа срамнети со земја. Во некои населби речиси и да нема неуништени згради.

Тој додаде дека жителите на градот ги чекаат украинските сили, знаејќи дека тие напредуваат.

Од 320.000 луѓе што живееле таму пред војната, останале само 100.000, рече Холовнија.

Share This Article