Поранешната канцеларка одлично се справувала со мигрантската криза

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доби награда за нејзината улога во начинот на кој нејзината земја прифати над 1,2 милиони бегалци и луѓе кои бараат азил во 2015 и 2016 година.

За ова денеска во Женева информираше агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, јави ДПА.
„Д-р Меркел покажа што може да се постигне кога политичарите го преземаат вистинскиот курс на дејствување и работат за да најдат решенија за светските предизвици, наместо само да ја префрлат обврската на други”, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Наградата за бегалци Нансен, што УНХЦР ја доделува секоја година, е во вредност од 150.000 долари. Таа го носи името на Фридјоф Нансен, норвешки поларен истражувач и хуманитарец кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1922 година.

Share This Article