More

    Кај домашните трговци потрошиле 195 милиони евра за половина година

    spot_img

    Трендот на пораст како на вредноста и на бројот на е-трансакции продолжува да расте. Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите шест месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 70 отсто од вкупната вредност на направени онлајн трансакции, информираат од Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија – АЕТМ.

    И во текот на првата половина од 2022 година, Македонците најмногу купуваат од домашните е-продавници, но темпото на пораст во однос на двете последни години е со помал интензитет. По порастот од 169 отсто во првата половина од 2020 година и 83 отсто во 2021 година, во првите шест месеци од 2022 година Македонците со домашни картички кон домашни е-продавници потрошиле речиси 195 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 22 отсто во однос на истиот период претходната година.

    – Не е обесхрабрувачки што порастот е значително помал споредено со претходните две години, ако имаме предвид дека е од значително повисока основа која е резултат на пандемијата и рестриктивните мерки. Позитивно е што во структурата со 70 осто и понатаму доминира вредноста со домашни картички кон домашни е-трговци. Во секој случај, неопходно е да напоменеме дека преку податоците од Народната банка ја следиме е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно само трансацкиите реализирани онлајн, додека се повеќе растат онлајн нарачките за кои плаќањето се извршува при прием на пратката за кои отсуствуваат податоци – вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

    Таа напоменува дека растот и развојот на е-трговијата е во интерес на сите и во интерес на развој на домашната економија, како и дека за да се креираат соодветни политики и промени потребно е да се носат одлуки кои ќе бидат базирани на точни и квалитетни податоци.

    Бројот на трансакции кои што Македонците ги направиле кон домашните е-трговци изнесува 6,1 милион евра и претставува пораст од 15 отсто во однос на истиот период минатата година, па соодветно расте и вредноста на просечната трансакција која изнесува 32 евра и тоа кај физичките лица  – 30 евра, а кај правните субјекти – 37 евра.

    Со странски картички кон домашните е-трговци во првото полугодие од 2022 година реализирани се скоро 11 милиони евра односно 43 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, во 292 илјади трансакции. Просечната трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 37,7 евра.

    Македонците во странство направиле трансакции вредни 71 милиони евра во првите шест месеци од годинава што преставува 66 осто раст во однос на минатата година. При тоа правните лица имаат поголем пораст во вредноста на направените онлајн трансакции или скоро 70 проценти во однос на претходната година.

    Со тоа се зголемува учеството на правните лица во вкупните трансакции на скоро 32 отсто. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство изнесува 1,7 милиони евра  и расте со 31 проценти во однос на истиот период лани. Просечната трансакција изнесува 40,1 евра, и тоа 31,3 евра кај физичките лица и 118,3 евра кај правните лица.

    Во првото полугодие од 2022 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата од Македонци и странци и во странство од македонци, изнесува скоро 277 милиони евра, што претставува пораст од 31,7 отсто во однос на истиот период минатата година. Бројот на вкупните онлајн трансакции во истиот период изнесува 8,1 милион и расте со помал интензитет (19 проценти)  од вредноста на вкупните онлајн транскации во истиот период минатата година, што значи дека е зголемена вредноста по трансакција т.е нарачка и таа изнесува 34,2 евра. При тоа просечната трансакција на правните лица е поголема (44,8 евра) во однос на физичките лица (30,9 евра).

    Според податоците со кои располага АЕТМ во земјава заклучно со 30.06.2022 година активни се 1.762 витруелни или интернет продажни места. Во вториот квартал на 2022 година се отворени 110 нови виртуелни продавници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img