Партијата Левица најави протест на 7 октомври, петок, во 11.30 часот, пред трговскиот центар Амам – Охрид, поради отворањето на контроверзното здружение „Цар Борис III“.
Левица вели дека здружението е именувано, како што велат, „по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот“, а протестот е „против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза“.
Една од најавените пароли за протестот е „Не за бугарскиот Хитлер“.