Даночната полиција и припадниците на МВР во две одвоени заеднички акции, по наредба на обвинителството во Сомбор, заплениле вкупно 15.850 литри нафтени деривати, без доказ за потеклото, соопшти Даночната управа.
При претрес на станови на различни адреси пронајдени се нафтени деривати, а против две лица од кои е одземена акцизна стока ќе бидат поднесени кривични пријави поради сомнение дека сториле кривични дела недозволено складирање стока и недозволена трговија.
На пријавените им е одреден притвор до 48 часа.