Брнс бара итно да се завршат предметите од СЈО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнс во интервју за ТВ21 порача дека има повеќе проблеми со кои Владата мора да се справи и смета дека не постои само една пречка за напредок, туку дека системот е отворен и ранлив на повеќе места.

– За да бидете успешни, мора да се нападне секое ниво на институционалните структури и на системот. Тоа значи дека е потребна комбинација на промовирање на транспарентност, да им се прикаже на граѓаните и на гласачите што всушност се случува. Северна Македонија има потреба од систем на одговорност. Ова се однесува на структурата на судството, но и на личностите кои се на одредена функција. Тие личности мора да бидат квалификувани за нивните позиции и мора да сносат одговорност за работата на тие позиции – вели Брнс.

Амбасадорката истакна дека итно мора да се завршат случаите покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство.

– Сметам дека искуството и особено тоа што уште има случаи од поранешното СЈО кои се во системот, покажува дека луѓето сакаат правда. Сакаат случаите да поминат низ системот, да бидат обработени од способни професионалци, без политичко мешање и со конечно решение со кое ќе се одреди одговорноста за криминалот што ќе се докаже дека бил извршен – рече Брнс.

Американската амбасадорка смета дека треба да се премине на отворање на пристапните преговори со Европската Унија и Северна Македонија да напредува од сите аспекти.

– Влегувањето на Северна Македонија во НАТО беше голем исчекор и веќе ги гледаме резултатите од тој потег на терен. Затоа нам ни е важен и следниот чекор, Северна Македонија и целиот Западен Балкан да се придвижи кон единствена, безбедна Европа. Тоа значи интеграција во евроатлантските институции. Мислам дека зборувате за вистинската фрустрација, која и јас ја слушам, зашто процесите не се одвиваат доволно брзо – рече Брнс во интервју за ТВ21, нагласувајќи дека САД се охрабрени од обновениот дијалог помеѓу Скопје и Софија.

Share This Article