Познатата македонска алпинистка Илина Арсова (40) се пресели во Америка. Илина со своите следбеници на социјалните мрежи ја сподели причината за нејзиното заминување во Америка. Нашата спортистка ја откри причината за оваа важна одлука во нејзиниот живот.
Имено, Илина добила стипендија за докторски студии на Универзитетот во Тенеси, САД, а ќе работи и како професорка на истиот.
„За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.
Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг @igordzambazov за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.
Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, напиша Арсова покрај споделеното видео.
Пред Илина е ново, животно поглавје. Но, сигурно, оваа одлука не им паднала лесно ниту нејзе ниту на нејзиниот долгогодишен партнер, актерот и шоумен Игор Џамбазов.
ФОТО: Инстаграм