More

    Руските хакери инсталираа вирус во мрежата на Унисофтвер

    spot_img

    Хакерите во Русија, припадници на т.н. Националната републиканска армија (НРА) објавија дека „почнале да спроведуваат план за соборување на Владимир Путин“, почнувајќи со хакерски сајбер напади врз Кремљ, пишува Киев Пост. Тие се противат на мобилизацијата која ја спроведува претседател. Од НРА тврдат дека инсталирале вирус во мрежата на Унисофтвер и бараат откуп и се закануваат дека во спротивно ќе ги објават информациите за банкарските сметки, телефонските броеви и разни пасворди на вработените од компанијата.

    Во интервју за украинското издание „Киев пост“, член на НРА зборуваше за тоа која била мотивацијата за овие напади.

    – Путин непотребно ги испраќа нашите млади луѓе да умрат во неправедната војна водена против Украина, која резултираше со колење на невини цивили, вклучително и жени и деца – вели хакерот.

    Ова е прв голем систематски обид на руските хакери да ги онеспособат руските институции, пишува Киев Пост. Унисофтвер е руска компанија која ги сервисира институциите.

    Од Киев Пост тврдат дека ја потврдиле автентичноста на украдените податоци – дека тие се од Унисофтвер и дека се работи за податоци од неколку клиенти на руската влада. На прашањето за секундарниот пристап, хакерите одбиле да коментираат, меѓутоа, познато е дека Федералната даночна служба, Министерството за финансии на Руската Федерација и Централната банка на Русија се меѓу листата на клиенти на компанијата.

    – Само напред. Променете си ги пак лозинките и обидете се да ги вратите податоците. Ние ги крадевме вашите лозинки секој пат. Мислиме дека имаме доволно податоци во овој момент за да ви го отежниме животот ако не ни платите – изјавил еден од хакерите за порталот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img