Ѓоковиќ не можеше да ја сокрие среќата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги сподели емоциите по освојувањето на турнирот во Тел Авив. Во финалето тој вчеравечер го победи Марин Чилиќ со 2:0, (6:3 и 6:4).

– Сакам да победувам на секој турнир каде и да одам и мило ми е што имам тим околу мене кој е уверен дека сум во најдобра форма и можам да освојувам титули. Затоа дојдов во Израел за да се обидам да победам. Ова е мојот прв турнир овде по Дејвис купот пред повеќе од 15 години, така што искуството е неверојатно. Играв многу добро, цела недела. Не настапував на играв турнири три месеци, така што имав дополнителна мотивација да се покажам во најдобро светло, особено затоа што луѓето беа толку срдечни и ми даваа поддршка во текот на целата недела. Останаа само позитивни емоции. Од првата минута во Израел бевме третирани многу добро, и јас сум многу благодарен, бидејќи за мене тоа не беше само турнир. Целиот наш тим стекна прекрасни познанства, кои ќе ги негуваме, тоа не наплаќа со позитивна енергија пред претстојните турнири – истакна Ѓоковиќ.

Србинот е 21-кратен освојувач на Грен слем трофеи.

Share This Article