Поранешниот премиер Зоран Заев преку социјалните мрежи му ја честита победата на неговиот поранешен колега од Бугарија, Бојко Борисов.
– Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори. Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Бојко Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ. Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија. Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан, напиша Заев.
Конзервативната партија на бугарскиот поранешен премиер Бојко Борисов е победи на одржаните парламентарни избори во Бугарија. Според нецелосните резултати, партијата ГЕРБ на Борисов освоила околу 25 проценти од гласовите, додека на новооснованата партија Продолжуваме со промени на во јуни соборениот либерален премиер Кирил Петков, доверба ѝ дале околу 20 насто од избирачите.