Генералниот директор на украинската нуклеарна централа Запорожје под руска окупација е уапсен од руска патрола, објави во саботата „Енергоатом“, државната компанија задолжена за централата.
Ихор Мурашов бил приведен на патот од најголемата европска нуклеарна централа до градот Енерходар во петокот околу 16:00 часот, изјави директорот на компанијата Петро Котин. „Тој беше извлечен од автомобилот и со врзани очи и одведен во непознат правец“, напиша Котин на апликацијата за пораки Телеграм, додавајќи дека во моментот нема информации за судбината на Мурашов.
Електраната Запорожје е една од централните точки на руската седуммесечна инвазија на Украина, додека Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на централата, ризикувајќи нуклеарна катастрофа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на демилитаризација на областа околу електраната, каде што работат Украинците.
Мурашов „ја сноси главната и ексклузивна одговорност за нуклеарната и радијационата безбедност“ на централата и неговото задржување „ја загрозува безбедноста на работата на Украина и најголемата нуклеарна централа во Европа“, рече Котин.
Тој ги повика руските сили „веднаш да престанат со актите на нуклеарен тероризам против раководството и персоналот“ на електраната и да го ослободат Мурасов.