Бајден до Путин: Нема да не заплашите, анексијата никогаш нема да ја признаеме

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД Џо Бајден изјави денеска дека САД и НАТО нема да бидат „заплашени” од рускиот претседател Владимир Путин и предупреди дека западната алијанса ќе брани „секој сантиметар” од својата територија.

– САД и нејзините сојузници нема да бидат заплашени. Путин „нема да нè заплаши”. нагласи тој – објавија од Белата куќа.

Бајден потоа му се обрати директно на лидерот на Кремљ, предупредувајќи го во однос на каков било напад на територијата на НАТО.

– Америка е целосно подготвена, со нашите НАТО сојузници, да ја брани секоја педа од територијата на НАТО – наведе тој.

– Господине Путин, не разбирајте погрешно што велам: секоја педа!

Бајден го опиша како „лажна рутина” потпишувањето на рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска на „пристапни договори” со кои се формализира руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина, што го означува најголемото насилно преземање на територија во Европа од Втората светска војна.

Американскиот претседател, исто така, рече дека „дејствата на Путин се знак дека тој е во проблеми. Бајден потенцираше дека САД никогаш нема да ги признаат анектираните територии како дел од Русија.

Претходно претседателот на меѓународниот комитет на руската Дума, Леонид Слуцки го оцени барањето на Украина за забрзан прием во НАТО, како покана до Алијансата да влезе во директен вооружен конфликт со Русија.

– Тоа е покана за конфликт меѓу водечките нуклеарни сили. Единствениот избор за Киев денес е да го положи оружјето и да се врати на преговарачката маса – рече Слуцки.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска најави дека Украина официјално ќе побара забрзан прием во НАТО, откако рускиот лидер незаконски анектираше 15 отсто од украинската територија.

Share This Article