More

    Папата учествувал во размената на уапсени војници во Украина

    spot_img

    Папата Франциск изјави дека тој бил инволвиран во напорите да се организира размена на затвореници во Украина, но, нејасно е каква улога имал, јави ДПА.

    Тој ги спомнал неговите напори на средба со Језуити во Казахстан минатата недела, според језуитското списание Ла Цивилта Католика (La Civiltà Cattolica).

    Папата кажал и оти добивал посети од украински лица и претставници кои му зборувале за војната.

    Еден од посетителите бил воен офицер, кој се фокусирал на размена на затвореници. Тој му однел листа со над 300 затвореници.

    Офицерот го замолил „да стори нешто за да ја направи размената возможна”.

    – Јас веднаш го повикав рускиот амбасадор за да го прашам дали нешто може да се направи, доколку размената на затвореници би можела да се забрза – тврди папата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img