Славната актерка, ќерка на холивудските легенди и „најфотогеничната девојка на светот“, како што гласеше една од нејзините титули, Вениша Стивенсон почина на 84 години.
Вениша Стивенсон, која се бореше со Паркинсоновата болест, ќе остане запаметена по улогите во филмовите „Darby’s Rangers“, „Island of Lost Women“ и „Horor Hotel“, а веста за нејзината смрт ја донесе „Холивуд репортер“.
Актерката починала во понеделникот во здравствена установа во Атланта, потврди нејзиниот брат, актерот и фотограф Џефри Бајрон.
Вениша беше ќерка на познатиот режисер Роберт Стивенсон, чии дела ги вклучуваат филмовите „Мери Попинс“, „Рудниците на кралот Соломон“ и „Џејн Ер“ и на познатата актерка Ана Ли, која остана запаметена, меѓу другото, и по улогата во филмот „Колку зелена беше мојата долина“.