More

    Потона брод со мигранти, а на копно предизвика катастрофални поплави

    spot_img

    Ураганот Ијан вчера ја зафати Флорида, а  беше придружен од силни ветрови и обилни врнежи од дожд што предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ оваа американската сојузна држава.

    Брод со мигранти потона во близина на траекторијата на ураганот, кај островите Кис, а крајбрежната стража сè уште трага по 20 лица, откако спаси тројца, додека четворица успеаја самите да допливаат до брегот.

    Ураганот, следен од ветрови со бризина од 185 километри на час, стигна на брегот на Кајо Коста, во југозападна Флорида, во 15.05 часот по локално време (21.05 часот по средноевропско време), наведе Националниот центар за урагани на САД (NHC).

    Ијан предизвика катастрофални поплави, додаваат од институцијата. Иако беше во 4-та категорија од петстепената скалата Сафир-Симпсон, сега ураганот е ослабен до трета категорија, но сепак има разорна моќ, наведува истиот извор.

    Синоќа речиси два милиона домови во Флорида останаа без струја, а повеќето од нив се во близина на патеката на ураганот, јави специјализираната веб-страница PowerOutage.

    Неколку окрузи во близина на местото каде што Ијан удри на копното се речиси целосно без струја, наведува веб-страницата.

    Градот Пунта Горда е целосно во темнина. Во текот на ноќта беше осветлена само секоја зграда опремена со генератори, а единственото нешто што се слушаше беа свирежите на ветерот и врнежите од дожд.

    Во градот Наплес, во југозападна Флорида, улиците беа под вода, а поројот носеше автомобили, покажуваат снимките на телевизијата Ем-ес-ен-би-си.

    Во градот Форт Мајерс, поплавите се толку големи што некои населби наликуваат на езера.

    Оваа метеоролошка појава во текот на денот треба да се придвижува кон внатрешноста на копното и вечерва да пристигне над западниот Атлантик, наведе НХЦ. Со минувањето преку копното, ураганот треба да ослабне, но сепак може да предизвика значителна штета додека не стигне до источна Флорида, додаваат оттаму.

    Гувернерот Рон Де Сантис синоќа изјави дека ова најверојатно ќе биде „еден од петте најразорни урагани што некогаш ја погодиле Флорида”.

    – Ова е бура за која ќе се зборува многу години – рече директорот на НВС, Кен Греам, на прес-конференција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img